Кавадаречката локална самоуправа, Еколошкото друштво “Тисовец” од село Возарци и “Фени индустри”, денеска во Кавадарци по четврти пат организираа еко квиз за ученици.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ја поздрави организацијата на квизот и поддршката од компанијата “Фени индустри”.
– Сите се стремиме кон екологија и поздрав живот, нагласи градоначалникот, посакувајќи традиционална соработка со еколошкото друштво.
На овој квиз, досега имаат учествувано околу две илјади ученици од петто одделение.
Своето задоволство од соработката со еколошкото друштво и Секторот за образование при општината, во изјава за медиумите го изрази и Ванчо Филковски од „Фени индустри”.
Сашко Данов, претседател на еколошкото друштво, изрази надеж дека досегашната соработка ќе продолжи и во иднина.