Убиен уште еден Албанец од Македонија во Сирија

Од:

Во Сирија е убиен уште еден Албанец од Македонија, објавија медиуми на албански јазик во Македонија. Според информациите, станува збор за скопјанецот со презиме Адеми, познат член на боксерскиот клуб ,,Шкупи“.

Весникот ,,Бота сот“ во денешното издание наведува дека до сега во Сирија и Ирак се убиени 40 Албанци од Косово, Албанија и Македонија. Истиот извор информира дека во Сирија и Ирак се убиени 10 Албанци од Македонија 21 Албанец од Косово, додека од Албанија 8. Едно лице е од Прешево, Јужна Србија.

Инаку странските медиуми јавуваат дека најголемиот број на Албанци, како и други националности од Балканот, таму војуваат на страната на Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Ердоган ги нарече Курдите браќа

Американците започнаа силен напад врз ИСИС во Сирија

(ВИДЕО) Крвава драма во Алепо – девет мртви, десетици ранети во брутално гранатирање

А1он

(ВИДЕО) Масакр во џамија во Хомс, има голем број загинати и повредени

Горан Наумовски

Еден од водачите на Исламска држава е уапсен во предградието на Дамаск

Израелски напад во јужниот дел на Сирија: Најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца

Горан Наумовски