Уапсено е момчето кое фрли Молотов коктел кон Собранието

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска извести дека полицијата го уапсила момчето кое на 5.07.2022 фрли Молотов коктел кон зградата на Собранието. Станува збор за Ј.С.(18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и кој го призна делото.

– Повторно упатувам апел – преку насилство кон оние коишто го одржуваат редот, македонската полиција и виталните објекти, не се постигнува ништо. Ги повикувам сите граѓани во остварување на своето право на протест да покажат демократски капацитет – рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Молотов коктел фрлен во двор на полицаец во Прилеп

А1он

(ВИДЕО) Париз: Запалија автобус со молотови коктели