Уапсени се тројца пијани возачи

Од:

МВР информира дека денеска во три одвоени случаи на подрачјата на СВР Куманово, СВР Тетово и СВР Охрид од слобода се лишени три лица, а врз основа на чл. 297 а од КЗ на РСМ (безобѕирно управување со моторно возило“).

Така во 00.07 часот во близина на селото Младо Нагоричане полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Т.(41) село Јачинце, кумановско, заради тоа што при контрола во патниот сообраќај, откако полициски службеници го сопреле патничкото возило Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Т. кај истиот било констатирано присуство на алкохол, односно дека има 1,92 промили алкохол во крвта.

Лицето веднаш е исклучено од сообраќај и е задржано во полициска станица.

Потоа во 00.30 часот на улицата Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници од полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, го лишиле од слобода Н.М.(54) од Гостивар кој управувал патничко моторно возило Цитроен“ со скопски регистерски таблици, под дејство на алкохол, односно со утврдени 1,77 промили алкохол во крвта.

И во 01,40 часот, на улицата Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија М.Х.(21) од Скопје, кај кој што при контрола во патниот сообраќај, управувајќи патнички автомобил Ауди“ со скопски регистарски ознаки, било констатирано дека имал 1,78 промили алкохол во крвта. М.Х. веднаш е исклучено од сообраќај.

Против овие лица по целосно документирање на случаите, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – безобзирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во тешка сообраќајка на булевар во Скопје

А1он

Оштетени се 34 автомобили на паркинг на булевар во општина Аеродром – штетата е околу 11.000 евра

А1он

Со автомобил удри во пет возила, три контејнери и семафор, па тешко повреден заврши во болница

А1он

Уапсени се пијани возачи – „рекордерот“ е од Велес, го фатија со 2,6 промили алкохол во крвта

А1он

Се судрија автомобил и камион во Кисела Вода, настрада 19 годишна девојка која поминуваше во близина

А1он

Фатена е жена од кочанско, возеше со 2,63 промили алкохол во крвта

А1он