Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

Од:

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициски службеници лишиле од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило.

Како што соопшти МВР, од овие 14 возачи осум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, четворица управувале возило под дејство на алкохол и еден возач го управувал возилото со поголема брзина од дозволената.

Две лица во Кавадарци, еден малолетник во Тетово и по еден возач во Скопје, радовишко, Гостивар, Битола и Дебар возеле без возачка дозвола.

Еден возач во Тетово управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, додека по едно лице во Струга, Прилеп, Чашка и Богданци управувале возило под дејство на алкохол.

Еден возач на територија на Гевгелија управувал возило со поголема брзина од дозволената.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он