Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

Од:

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“.

Од нив осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник.

Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал сообраќајна незгода, додека еден возач управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информираа од МВР.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи