Уапсени четворица крадци, полицијата расчисти 26 кривични дела

Од:

МВР информира дека во Валандово и Струмица уапсени се М.К.(26) и Ф.К.(18), двајцата од Струмица. Тие се сомничат дека со уште две лица во периодот од 07.07.2025 до 06.08.2025 на подрачјата на Струмица, Валандово и Гевгелија извршиле 26 кривични дела, од кои едно разбојништво“, една тешка кражба“, шест кривични дела одземање моторно возило“ и 18 кражби“.

На подрачјето на Радовиш уапсен е А.А.(26) од Радовиш, кој се сомничи дека во февруари и јули 2025 година во Радовиш и радовишкото село Раклиш извршил повеќе кривични дела тешка кражба“ и кражба“.

Исто така, во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го уапсија Г.А.(19) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во претходниот период во Струмица извршил пет кривични дела тешка кражба“ во обид и едно кривично дело кражба“.

Лицата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он