Уапсени четири малолетници од Скопје осомничени за повеќе кривични дела

Од:

Полицијата извести дека вчера во 22.15 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од полициската станица Центар уапсила четири малолетници од Скопје, при што кај еден од нив бил пронајден и одземен нож. Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела на подрачјето на Центар.

„Се сомничат дека на 5.4.2024 околу 22 часот во Градски трговски центар физички нападнале малолетник од Скопје и агресивно се однесувале кон три малолетнички, исто така, од Скопје и дека истиот ден околу 22.40 часот на подрачјето на Центар физички нападнале друг малолетник од Скопје. Исто така, тие се сомничат дека на 6.4.2024 околу 20 часот во Градски трговски центар физички ги нападнале Л.Т.(20) и 19 – годишната С.А., двајцата од Скопје. По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител за малолетници, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Пет малолетници истепани од осум машки лица на автобуска во Скопје

А1он

Скопјанец со возило удри двајца малолетници, повредените завршија во болница

Тешка сообраќајка во близина на Тетово, повредени двајца малолетници

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени се тројца малолетници

Горан Наумовски

Тепачка во средно училиште, се истепале двајца малолетници

Малолетници во парк истепаа и ограбија девојче од Скопје, настанот e снимeн со мобилен телефон