Уапсен е штипјанец – со „бентли“ возеше 143 километри на час на пат каде е дозволено 50

Од:

Во близина на крстосница за село Мамутчево, на експресниот пат Лозово – Велес, вчера, околу пладне, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода 45- годишниот М.Ј. од Штип додека управуваше моторно возило марка „бентли“ со скоро два пати поголема од дозволената брзина, информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Таа појасни дека при контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека М.Ј управувал патничко возило „бентли“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 143 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена со сообраќаен знак на 50 километри на час.

М.Ј. е приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, најавија од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Дозволено е 80, а тој возеше со 190 километри на час – уапсен е тетовец

А1он

Гостиварец „летал“ со 173 километри на час, од МВР заработи кривична

Полицијата вчера казни 535 возачи за брзо возење

МВР вчера казни 246 возачи во Скопје, 42 за брзо возење

186 казнети возачи во Скопје, 21 без возачка

275 санкционирани возачи во Скопје, 67 за брзо возење