Уапсен е штипјанец, го возел автомобилот со 1,55 промили алкохол во крвта

Од:

МВР информира дека рано утринава во 01.18 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода З.С.(44) од Штип.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал З.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он