Уапсен е 20-годишник во Центар, се обидел да запали албанско знаме – Обвинителство бара притвор за него

Од:

МВР информира дека доцна синоќа во 23.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода К.К.(20) од Скопје.

Тој бил затекнат при обид со запалка да запали знаме.

Знамето и запалката биле одземени, а тој бил задржан во полициска станица.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишникот за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик.

Тој се обидел да запали албанско национално знаме, при што бил забележан и спречен од полициски службеници кои го привеле.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он