Твитерџиите на свој начин ја искоментираа веста за апсењето на Паско Кузман. Ова е топ тема и на ФБ. Еве дел од коменатрите:
-Го уапсија Паско Кузман, а уште малку фалеше да го открие гробот на Александар Македонски, зад петици му беше…
-Вмровците не ги лустрираат , вмровците ги фалангизираат
-За кога се закажани протестите за слобода за Паско Кузман?
-Александар(Паско Кузман) Македонски падна како жртва на Фалангата
-Антиквизацијата почна да ги јаде своите деца
-Ќе ни остане гробот на Александар Македонски неоткриен. Ќе се спаси светот од Трета светска војна.
-#Паско си копал во носот, пронајдена е античка статуа на Изида.
– #Паско сака да ја истражи античката легенда за туширањето и паднатиот сапун. Затоа е во затвор
-#Паско го најде Идризово
-А затоа Кузман Паско со два саата, вториот му бил за Фаланга 2.
-#Паско шета низ затворскиот круг и од пантолоните тресе земја. Не, бе, не копал тунел, тоа се остатоци од археолошките наоѓалишта.
-Сите се кеф сега в затвор, се надеваат дека #Паско ќе му ископа тунел за бегство
-Паско не е уапсен, тој имал само дојава дека гробот на Александар е во Идризово.
-Кој цел живот нешто копа, на крајот сам ке се закопа. #Паско
-Кај #Паско е пронајден и саатот на Буш што му го здиплија во Тирана.