(ВИДЕО) Трпески: ВМРО-ДПМНЕ гласале за ДУИ, за да не победи Руфи Османи

Од:

СДСМ објави разговори за кои рече дека е помеѓу Антонио Милошоски и Дарко Димитриески, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Гостивар, во кој Димитриески признава дека изборната листа на советници од ВМРО-ДПМНЕ не е добра, дека нема луѓе со авторитет.

Во еден од разговорите помеѓу Дарко Димитриески и Антонио Милошоски паднала наредбата, за време на локалните избори 2013 година, членовите на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за кандидатот на ДУИ, актуелниот градоначаник на Гостивар, Невзат Бејта.

Граѓаните на Гостивар знаат дека без поддршката од ВМРО-ДПМНЕ Бејта немаше да биде избран за градоначалник на Гостивар. Според Димитриески, Руфи Османи реално бил фаворит на локалните избори. И Фатмир Бесими од ДУИ го потврдува пазарењето со ВМРО-ДПМНЕ, членовите на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за кандидатите на ДУИ во Тетово и Гостивар, рече Благојче Трпески, претседател на ОО СДСМ Гостивар.

Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Дарко Димитриески

ДД: Ало
АМ: Антонио е на телефон, што праиш добар си?
ДД: Еее шо праиш Антонио?
АМ: Здраво живо…добар да ти кажам, за Гостивар ги гледав ова листиве предложени што се за советници…
ДД: Да…
АМ: …кандидати, а зошто нема пишано овде кој е носител, кој е предлог за носител?
ДД: Па имаме дадено ние Антонио предлог за носител, 7 души беа дадени…
АМ: Аха, ама…
ДД: Да… Заедно сите и рекоа ќе ни кажат од Скопје кој да биди носител …
АМ: Аха, аха…а кај е таа листа, не ја знаеме…
ДД: Па не знам каде е ја имаше доставено…
АМ: Не ни е нас во овие документиве…во овие документиве шо се за советници, таа посебно да не е пратена некаде… ама еве од Сашо…не, не не…добро ај ќе го барам Сашо, добро, добро…
ДД: Да, да, пред 7 дена ја дадовме…ние вчера имаше состанок ова листава што е тука, се напраи ја бев горе на промоција, знам кои се стаени тука така…
АМ: Да…
ДД: …меѓутоа имаме друга листа…
АМ: А листата инаку добра како ти изгледа?
ДД: Па, можеше многу подобро да се направи…многу, многу подобра можеше да се направи…
АМ: Кој е Љубомир Ристовски на 4 место што е невработен?
ДД: Види сеа… тој е претседател на унија на млади сили што мислам дека не треба да биде на толку високо место зашо ние во Гостивар толку советници ваџаме… што можат да повлечат и луѓе, што можат да се спротивстават и на албанциве тука и политика што се..
АМ: Мхм..
ДД: Иначе шо се вика и третиот е тотално анонимус…
АМ: Горан Давидовски…
ДД: …ее така, анонимус е тој од месен комитет Дудлок е анонимус и втората е од жените а тука замисли Антонио не е стаена претседатлката на унија на жени, не ја стаиле на листа ја стаиле таа Тода Крстеска, таа не е толку лоша али се разбира дека оваа што е на жени требе да биде, не таа…
АМ: Мхм…добро…
ДД: Значи многу, многу подобра листа моеше да се напрајт али тоа е тоа…

ДД: Ало
АМ: Дарко, здраво живо.
ДД: еј здраво
АМ: Добро утро. Добар си?
ДД: Добар, добар.
АМ: Што сакав да речам..Што би била нашата добивка од тоа што би го поддржале?
ДД: ЕЕЕ што би било.. Овдека значи, ние правевме муабет скоро целиот општински комитет, неформално, ова ….значи сите се сложуваме дека тоа е добро и за Гостивар, и за нас тука на централно ниво.
АМ: Да
ДД: Меѓутоа вчера, тие ми се јавија да го подржиме Бејта, уствари…Тоа доцна навечер беше, дванаесет и пол беше саатот.
АМ: А кој Нино Тодоров, Кире или кој?
ДД: Кире, Кире му се јавил на претседателот, тој ми се јави мене , во… треба да се видиме и ќе треба да му дадете подршка на Бејта, така било договорено на централно ниво.
АМ: Да не е нешто врзано со Куманово, да не е врзано со нешто друго?
ДД: Сигурно, сигурно е нешто врзано. Прво, рекоа колку гласа може да обезбедите вие? И ние им кажавме, она што е наше, колку гласа, кој знае колку гласа овдека би можело да им дадеш. Меѓутоа им кажав некоја бројка кој бајаги од 3500 до 4500 гласа може ќе им обезбедиме. Сега тоа е, колку ќе испадне тоа е друго прашање, затоа шо луѓево…
АМ: А таму колку е разликата? Тесно е така?
ДД: 600 гласа
АМ: 600 гласа за Руфи, така?
ДД: За Руфи, со тоа што Руфи беше едно четири пет дена во Швајцарија, Австрија и Италија беше и се врати завчера и има најава дека ќе дојде ….за негова поддршка и мислам дека, мое мислење е дека Турците тука многу ќе гласаат за Руфи.
АМ:аха
ДД: Да, затоа што беше и градоначалникот тука на Истанбул, двајцата градоначалници на Турција беа пред неполн месец тука во Гостивар, и му дадоа така некоја поддршка и Турците мислам ќе гласаат и плус ДПА тука ќе му даде поддршка на Руфи, а ДПА имаше 3000 гласа тука во Гостивар.
АМ: Значи може да испадне ние и да го подржиме Бејта и пак да изгубиме.
ДД: Да да може да изгубиме
АМ: Џабе ќе ни биде поддршката
ДД: Бадијала ќе ни биде и ….
АМ: да,да

Разговор на Фатмир Бесими со соговорник

С: Ало
Ф.Б. Ало
С: Што правите? Славите?
ФБ: Славиме ние. Вие што правите?
С: Бев во Тетово, и сега дојдов дома.
ФБ: Во Тетово имаше нешто? Помина ли гужвата?
С: Имаше гужва малку во центар…коли се вртеа…луѓе, и така
ФБ: Таму во Четврток ќе биде.
С: Да во четврток.
ФБ: Вечерва бевме во Гостивар. Имаше многу народ.
С: Завршивте?
ФБ: Да завршивме, завршивме…тие продолжија со коли, ама ние излеговме.
С: Како се случи ова?
ФБ: Е ајде де…чуда се случуваат.
С: Знаеш ли во Куманово како испадна?
ФБ: Во Куманово изгледа СДСМ победиле.
С: А не е фер.
ФБ: Зошто?
С: Сме испаднале предавници.
ФБ: Не предавници…ние толку, 2000 гласа…тие бара 1500 ние им дадовме 2000 наши гласови.
С: Така ли. Е па тогаш е ОК.
ФБ: Не сме се посрамотиле ние. Тие се прекалкулирале.
С: Е па ОК. Супер…бидејќи тие ни помогнаа многу во Тетово и Гостивар.
ФБ: Да. Посебно во Гостивар. И во Тетово помогнаа. Да се врзеа со ДПА ќе не заебаа.
С: Во Тетово?
ФБ: Да се врзеа со ДПА…
С: Да, да можеа да не заебат.
ФБ: И да ги извадеа…колку има во прв круг…7000, да извадеа 5000 ќе не победеа.
С: Да, да со 5000 ќе не победеа…
ФБ: Да. А овде имало многу ефект..
С: Имало, имало
ФБ: Важно фунционирало…ние сме им дале на некои места, каде што со наши гласови поминаа нивните…во Карпош, во Велес…
С: Така ли?
ФБ: Да, да
С: Супер.
ФБ: Имало ефект и во Јегуновце, но за нас беа многу важни овие два града.
С: Голема работа сме направиле.
ФБ: Така да…добро е.
С: Го исчистивме овој од Гостивар…тој дефинитивно лидер неможе да биде…можеше само проблеми да прави.
ФБ: Да бе, штета правеше…барем вака сега…
С: Да.
ФБ: Знаеш ли кој најповќе се радувал што овој изгубил?
С: Да?
ФБ: Знаеш кој? Изет.
С: Да, да има шанси да се радувал.
ФБ: Си вели…овој ме извади да изгубам, изгуби и сам.
С: Да. Има многу шанси бидејќи изет ионака веќе одлучил да се врати на Универзитет…така да сигурно му било драго.
ФБ: Да.
С: Одиш накај дома сега?
ФБ: Да, сега одам.
С: Ок. АЈде
ФБ: Ајде.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски