Тројца загинати во сообраќајка кај Делчево

Од:

Двегодишно детенце и неговите родители попладнево загинаа во тешка сообраќајна несреќа на дестина километри пред Делчево. Според првичните информации од СВР Штип, несреќата се случила при директен судар на патничкото возило Фиат пунто со делчевски регистерски таблички со камион натоварен со дрва со штипски регистерски таблички управуван од 56-годишниот ПГ од Штип.

– Во несреќата на лице место загинале 32-годишниот ДД кој го управувал возилото, неговата пет години помлада сопруга и нивниот двегодишен син. Несреќата била пријавена во 15:40 часот, а се случила на магистралниот пат Кочани-Делчево кај месноста Лештаро, информира Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.

Таа додаде дека екипи од полицијата и надлежните органи во моментов вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот е во прекин во двата правци.

Би можело да ве интересира

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он