Тројца во притвор за убиството и киднапирањето на Вања

Од:

Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи притвор од 48 часа на три лица кои беа спроведени во суд, а се осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврдија од судот.

Еден од осомничените кој ноќеска беше спроведен во суд е е велешанецот Велибор Манев. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори негативно.

Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двата случаи, како што информираа вечерва од МВР, осомничени се пет лица, сите од македонска етничка припадност. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека мотив за убиствата е „користољубие“.

Обвинителството потврди дека на распит бил и таткото на девојчето.

Дел од медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата, излегоа со информација дека се трага по лицето Љ.П. од Скопје, кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска. Тој избегал од државата и во моментов се трага по него.

Повеќе информации се очекува да бидат објавени денеска на прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и главниот јавен обвинител Габрил Бубевски.

Би можело да ве интересира

Адвокатот што го возел Палевски до Турција се онесвестил кога прочитал за што го обвинуваат Палевски

Катерина Ѓуровски

Палевски дојде кај мене да го поправи котелот за греење ден по убиството на Вања – сведочи негов пријател

Катерина Ѓуровски

Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски

Катерина Ѓуровски

Сослушано семејството на таткото на Вања, судењето продолжува на 20 ноември

А1он

Дедото на Вања Ѓорчевскa: Син ми беше зависник од дрога, ама се излекува пред да се ожени

А1он

Сведокот Гоце Трајковски не се појави на судењето за убиството на Вања, имал паничен напад

А1он