Тројца повредени во кочанската трагедија се во критична состојба, 15 се интубирани

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информира дека има уште тројца пациенти во критична состојба кои се наоѓаат на лекување надвор од државата, а 15 пациенти се интубирани.

– Александар, кој почина утрово, беше најтешкиот од четирите критични пациенти. Да се надеваме дека на останатите тројца ќе се подобри состојбата, иако може да има флуктуација на здравствената состојба и на потешки пациенти кои се надвор од државата. Меѓутоа, не се повеќе од 15 пациенти интубирани, другите се екстубирани и тоа е добра прогноза. Меѓутоа, да причекаме додека да се вратат сите во државата, рече Таравари.

Министерот соопшти дека денеска се очекува да се вратат во државата уште тројца пациенти кои се лекуваат надвор од државата.

Би можело да ве интересира

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски