Тројца мотоциклисти се изгубиле на планината Осогово, ги спасија граничната полиција

Од:

Вo СВР Штип, од Регионалниот центар за гранични работи Исток е пријавено дека тројца мотоциклисти, македонски државјани, пријавиле дека се изгубени на планината Осогово, над с.Саса, општина Македонска Каменица, во близина на државната граница со Република Бугарија и побарале помош преку бројот 112.

„Остварен е контакт со лицата и лоцирани се во шумскиот предел на непристапен терен на оддалеченост од околу 1000 метри, над манастирот Св. Архангел Михаил во с.Саса. Со помош на дрон од Регионалниот центар за гранични работи Исток, лицата се пронајдени во добра здравствена состојба и донесени се во Македонска Каменица, каде е утврдено дека се работи за лицата Г.Д.(38) од Скопје, К.Н.(38) од Гевгелија и Д.П.(31) од Скопје. Тие не побарале лекарска помош, по што заминале со мотоциклите“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Работилницата за дефинирање предлог граници и зони за формирање заштитено подрачје Осоговски Планини

Наум Локоски

Почнува постапка за прогласување на Осоговски Планини и Ченгино Кале за заштитени подрачја

Ана Ололовска

Велосипедисти од Македонија и Бугарија со тури за природните потенцијали за одржлив туризам на Осогово

Наум Локоски

Велосипедска тура на Осогово

Наум Локоски

Петровденски марш до Царев Врв на Осоговските Планини

Наум Локоски