Трибина на СДСМ со граѓанскиот сектор

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска одржа трибина со граѓанскиот сектор на која учествуваа повеќе експерти кои дадоа свои предлози што треба да стори владата во првите шест месеци по нејзиниот избор.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев истакна дека како партија се отворени за предлозите и сугестиите на граѓанскиот сектор и оти во Македонија мора да се случат промени кои ќе се фокусираат и ќе го издигнат граѓанинот над се.

Според Заев, потребни се реформи во правосудниот систем со кои судството ќе стане независно, а како што посочи, поддршка даваат и на Специјалното јавно обвинителство бидејќи законот мора да важи за сите поеднакво.

Работниците, како што рече, немаат никакви права, а куповната моќ е намалена поради што потребно да се преземат чекори за да се зголеми просечната плата и животниот стандард на граѓаните. Заев додаде дека треба да се помагаат и домашните компании, а не само странските инвеститори да имаат бенефиците кога инвестираат во државата.

Потребни се, рече Заев, и низа мерки за да се задржат младите да останат во државата и тие да не ја гледаат иднината само во јавната администрација, а неопходно е да се зголемат и платите на лекарите.

Од страна на експертите кои учествуваа на трибината беа предложени повеќе мерки во областа на финансиите, судството, здравството, образованието и заштитата на човековите права што треба да бидат спроведени во првите шест месеци од функционирањето на новата влада.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

(ВИДЕО) Тренчевска: Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот

(ВИДЕО) Милевски: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски