Три лица со автоматско оружје украдоа 2 милиони денари од скопјанец пред банка во Сарај

Од:

Разбнојништво е извршено утрово во скопски Сарај од страна на три лица со автоматски пушки, дознава „А1он“. Неофицијално, украдени се околу 2 милиони денари од 27-годишен маж. Случајот го потврдуваат и од МВР, додавајќи дека се работи на расчистување на случајот.

„Во 11:05 часот пријавено е дека во с.Сарај, пред банка извршено е разбојништво врз Б.О. (1993) од страна на три лица, кои со автоматски пушки му одзеле пари. Откако ги одземале парите со автомобил, се упатиле кон Матка“, велат од МВР за „А1он“.

Очевидци за „А1он“ велат дека пред банката се одвивала вистинска драма, а од МВР повеќе детали најавуваат во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он