Три години затвор за обвинетата која го прегази Давид на „Илинденска“

Од:

Основниот кривичен суд денеска ја објави пресудата за предметот со сообраќајната несреќа која на 18 септември 2015 година се случи на булеварот Илинденска кај градскиот парк во која животот го загуби 13 годишниот велосипедист, Давид.

Со пресудата, како што информира судот, обвинетата М. Л. се огласува за виновна за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и е осудена на казна затвор во траење од 3 години.

Во текот на постапката беа изведени 6 вештачења, а судот, како што беше наведено и при објавата на пресудата, смета дека оваа пресуда треба да
одекне во јавноста како предупредување за зголемено внимание и почитување на Законите, како и правилата и прописите за безбедност во сообраќајот кај сите учесници.

Против оваа пресуда странките имаат право на жалба до Апелациониот суд.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он