Три часа без струја во Прилеп, Крушево и Кривогаштани

Од:

Без струја денеска од 10.47 часот останаа Прилеп, Крушево и Кривогаштани поради технички дефект на трафостаницата „Прилеп 1“ во Прилеп. денеска од 10:47 часот.

Според портпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов станува збор за технички дефект на трафостаницата.

– Во 10:47 часот настана технички дефект во собирницата во трафостанциата „Прилеп 1“ во Прилеп и поради тоа Прилеп, Крушево и Кривогаштани останаа без напојување со електрична енергија. Екипите на МЕПСО веднаш интервенираа, бидејќи скада системот на МЕПСО алармираше за дефектот. Градот доби напојување на електрична енергија во 13:27 часот со што дефектот е остранет, појасни Стојанов.

Претходно струја добиле општините Крушево и Кривогаштани.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час