Три автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Од:

На 27 и 28.8.2022, од страна на полициски службеници од полициската станица за граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај три автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на автобус со кумановски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(52) од Куманово, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Тетово и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(67) од Скопје било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 20.000 патници заглавени во ОАЕ

Николоски: 23 нови линии, целта е над 4 милиони патници

Горан Наумовски

150 електрични автобуси ќе се набават за Скопје и општините

Понеделник со изменет режим: автобуси по неделен ред, Жичарницата ќе е затворена

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Ќе се набават на 120 еколошки автобус, 80 ќе се за ЈСП „Скопје“