Три активни пожари, најголем кај Криволак

Од:

Три пожари се активни утрово, најголемиот е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде дејствуваат еден армиски и еден полициски хеликоптер информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Воените магацини се дополнително осигурани и се целосно безбедни.

Вториот пожар е во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица. Пожарот во кој била зафатена дабова шума е ставен под контрола. Интервенирале ТППЕ Радовиш.

Третиот пожар е пожарот кој во текот на вчерашниот ден гореше во атарот на с. Требичино, во општина Василево, струмичко. Пожарот во текот на ноќта го намали својот интезитет, чади на некои места но нема видлив активен оган. Во овој момент на лице место се екипи на ТППЕ Струмица. Доколку се разгори дополнително ќе се донесе одлука за евентуално гаснење од воздух поради непристапноста на теренот.

Во состојба на подготвеност за дејство е и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Би можело да ве интересира

Удар од гром го предизвика пожарот, пламенот го зафатил скоро целиот дел од велешката „Аронија“

Гореа магацин и канцеларии во фабрика во Велес, по речиси цела ноќ битка, пожарот е изгаснат

ВИДЕО: Гори кај Ваксинце, кај Богомила и повторно во Долнени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно избувна пожар кај Желино

Катерина Ѓуровски

Целосно е изгаснат пожарот на Готен, активни нема, странската помош си заминува

Нема активни пожари, проблематичниот на Готен е под контрола