Третооделенци од „Лазо Трповски“ наградени на натпревар за вселенски и воздушен сообраќај

Од:

Третоодделенци од ООУ Лазо Трповски освоија награда на Меѓународниот училишен натпревар за вселенски и воздушен сообраќај 2015, што традиционално се одржува во Берлин.

Тие се пласираа меѓу 30 најдобри проекти на натпреварот и за својот пласман добија соодветни дипломи и соодветен подарок (автентичен модел на патнички авион Ербас А-380 во размер 1:200).

Проектот изготвен од учениците од IIIa одделение „Заедно летаме во вселената“ беше координиран од училиштен тим составен од тројца наставници во својство на ментори Дијана Петроска, Александра Гаџоска и Стефан Симовски.

Конечната одлука во врска со наградите на овој екипен меѓународен натпревар за ученици од трето и четврто одделение ја донесе деветчлено стручно жири. Подетални информации во врска со натпреварот може да најдете на официјалната веб-страница на организаторот на натпреварот њњњ.скѕфутуре.де

Натпреварот го организира Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија, Сојузното министерство за образование и истражување на Германија, Луфтханза Техник АД и концернот ЕАДС (во чиј склоп влегува и познатиот производител на патнички авиони Ербас).

Учеството на овој меѓународен натпревар ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје го реализираше како воннаставна активност. Наградата на учениците свечено ќе им биде врачена на 10 септември 2015 година во просториите на училиштето.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март