„Трето полувреме“ гледан од 15.000 луѓе во кино „Милениум“

Од:

Филмот кој е кандидат за Оскар за филм од странско потекло и кој предизвика бурни реакции кај нашиот источен сосед , насловен „Трето Полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, веќе го погледнале над 15 000 гледачи.

Како што информираат од кино „Милениум“ картите за сите проекции се предвреме продадени, така што оттаму советуваат сите оние што не го погледнале филмот, а сакаат да го погледнат навремено да резервираат билети.

Ова посебно се однесува на проекциите од 20 и 22 часот. Додека за проекциите од 17 часот, оттаму велат дека повторно се забележува рекордна посетеност.

-За време на проекциите во 17 часот, се забележува за 70 отсто поголема посетеност отколку кога се работи за вообичаени проекции, велат од Кино Милениум, што секако е за поздрав посебно ако се земе во предвид дека во тоа време поголемиот дел од луѓето сеуште се на работа.

Само да се потсетиме, филмот „Трето Полувреме“ премиерно беше прикажан во рамки на отварањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, а скопската премиера беше оддржана на 27-ми септември годинава.

Дали ова најново остварување на режисерот Дарко Митревски ќе постигне рекордна гледаност на македонски филм како и неговиот претходен филм „Балканкан“ останува допрва да видиме.

Би можело да ве интересира

Трето издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ЈЕТА, нов роман од Ивана Трајаноска во Или-Или

„Матица“ го објави „Замир“ – силен роман на Хакан Ѓундај што веднаш влезе и во „Априлско разлистување“

Почина сликарот Илија Пенушлиски