Бомбата фрлена утрово во скопската населба Керамидница била во дворот на Раде Трајковски Штекли. тој е повреден и пренесен во болница.
– Денеска (14.11.2024) во 09.20 часот во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.
Пред болницата забележано е зголемено полициско присуство.
Кон Штекли пред неколку месеци за краток период во трговиот центар Ист Гејт беа изведени два обиди за ликвидација.