Тренеска Дескоска се сретна со Арифи, тема почетокот на новата учебна година

Од:

Министерката за образование Рената Тренеска Дескоска денеска беше во работна посета на општина Тетово при што се сретна со градоначалничката Теута Арифи. Главна тема на разговор беа подготовките за успешен старт на новата учебна година во училиштата во Тетово, но и во државата.

– Сите училишта во општина Тетово се подготвени за новата учебна година. Комисија од секторот за јавни дејности за оваа област изврши контроли во сите училишни објекти. Останува нашата заложба за нови капитални инвестиции за подобрување на образовната инфраструктура со нови објкети каки други потреби со цел подигнување на квалитетот на образованието што мораме заеднички да го направиме, рече Арифи.

Министерката Тренеска Дескоска посочи дела една од главните цели на посетата е запознавање со проблемот со учениците што наставата ја следат на македонски јазик од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ и можностите за решавање на просторниот проблем.

– Градоначалничката ме запозна за определни чекори што биле преземени од страна на локалните власти, но, без никаква подршка од Министерството. Ние максимално ќе се ангажираме овој проблем да биде решен бидејќи децата – учениците не смее да бидат жртва на политиканство, на политика, туку треба да се обезбедат соодветни услови за настава, рече Тренеска Дескоска.

Градоначалничката Арифи посочи дека идејниот прокет за проширување, надградба и доградба на централниот објект на гимназијата ги поминал сите процедури од надлежните органи и оти е во тек издавањето на дозволата за градба, по што со финасирање од страна на надлежното Министерство ќе се започне со градба. Таа најави дека оваа учебна година учениците од македонска настава ќе учат во двете згради од старото медицинско училиште што беа реновирани во текот на минатата година.

– Со реализирањето на доградбата, надградбата и поширувањето на центарлната зграда од тетовската гиманзија Кирил Пејчиновиќ ќе се изнајде трајно и долгорочно решение за интегрирана настава на учениците, изјави Арифи.

Проблемот со овие ученици трае 16 години откако тие наставата во изминатите ја изведува во разни несоодветни објекти основни училишта, зградата на работничкиот универзитет, како и старата барака во поранешното медицинско училиште. Минатата учебна година тие скоро месец и половина протестираа поради несоодветните услови за настава за потоа да почнат со часовите во салата на советот на општина Тетово и по обновата на едната од двете згради од старото медицинско училиште да се префрлат таму како привремено решение до исполнување на барањето за враќање во централната зграда од гимназијата.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март