Граѓаните на Македонија, Србија и Хрватска ги сметаат политичките партии се најкорумпирани од дванаесетте јавни институции што беа тестирани, според извештајот на Глобалниот барометар на корупција за 2013 година.
Во Македонија, Србија и Косово како најслабо оценети од сите области се наведуваат веродостојноста на извештаите на политичките партии. Воедно, во извештајот е забележано дека во Македонија и Косово, партиите никогаш не биле казнети за непочитување на правилата за финансирање на кампањите.
Извештајот на „Транспаренси интернешнл – Македонија“ предупредува дека недостигот на јавна доверба во политичките партии се заканува на демократските процеси во Балканот. Тие повикуваат политичките субјекти во Македонија, Косово, Србија, Хрватска и Албанија да создадат услови за нивно потранспарентно финансирање.
Исто така, се наведува и дека одредени политички партии во Македонија, на нивните веб – страници објавуаат информации за финансирањето на кампањите, но само една партија дала конкретен одговор на барањето информации.
Петар Клинчарски