Трајковски: Делчево ќе биде отворена и услужна општина

Од:

Кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски денеска на прес- конференција најави дека доколку на 15 октомври ја добие довербата од граѓаните на Делчево ќе изгради нов модел на отворена и услужна општина.

Секој граѓанин, ветува, ќе добие навремени, квалитетни и евтини услуги.- Граѓаните ќе ги добијат сите услуги на едно место и од локалната и од централната власт. Воведуваме електронски систем на услуги кои ќе го забрзаат процесот на услужната дејност на локалната самоуправа. Ги вклучуваме граѓаните во креирање на буџетот, во носење одлуки и во контрола на власта.Воведуваме строго наменско, транспарентно, домаќинско и одговорно користење на буџетските средства, преку редовно известување за сработеното, истакна Трајковски.

Според него, општина Делчево ќе биде вистински сервис на граѓаните. – Ја враќаме моќта на месните и урбаните заедници и технички ќе ги опремиме и ќе го зајакнеме нивниот правен статус.Обезбедуваме ефикасен јавен превоз, пријатни детски градинки и чисти загреани училишта. Обезбедуваме поддршка и помош на најзагрозените и семејствата на лицата со посебни потреби. Гарантираме признавање и препознавање на демократските механизми, како петиции, преставки, референдуми и други граѓански иницијативи, истакна Трајковски.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево