Трајковски: Делчево една од најзадолжените општини

Од:

Делчево е една од најзадолжените општини во државава и една од 20-те кои функционираат со блокирани сметка. Стариот долг е 240 милиони денари, но секојдневно стигнуваат нови обврски кои го отежнуваат работењето, истакна градоначалникот Горан Трајковски.

– Делчево должи и на 35 семејства кои добиле новороденчиња или вкупно должи 116 илјади денари за исплата по решенија. Им ги должи и стипендиите на учениците и студентите за четири месеци од минатата учебна година или вкупно има за исплата 100 илјади денари. Не се исплатени и 14 советнички паушали на старите советнци или 2.606.800 илјади денари. Новиот долг само по овие основи пораснал за над 2, 8 милиони денари, рече градоначалникот Трајковски. Додаде дека се уште не е подмирена и обврската кон Фудбалскиот куб, а средствата не се исплатени од јули годинава.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево