(ВИДЕО) Трајчева: Бараме судот да ги замрзне неосновано стекнатиот имот и земјиштата кои се под истрага

Од:

Обвинителката Ивана Трајчева рече дека во утринската акција на МВР, по налог на Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија упасени се 10 лица, а по едното полицијата се` уште трага. 10 лица се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување, а едно лице за несовесно вршење на службата.

Обвинителката рече дека утрово бил пуштен предлог за привремено обезбедување на имотно правното побарување до судот.

„Предложено е да се замрзнат, и да не се отуѓуваат предметните земјишта како и имотот кој е неосновано стекнат од страна на осомничените“, рече Трајчева.

„Станува збор за склучување договори за оттуѓување земјиште во сопственост на РСМ, во кои договори се предвидени договорни обврски во однос на исполнување на обврските од страна на изведувачот, но тие обврски понатаму не се испочитувани. Било предвидено реален товар да се воспостави, односно да се обезбеди државата, како што се прави впрочем и во секој договор, а таквото нешто е прикриено. Реалните товари не се солемнизирани, односно не се прикажани во актите за солемнизација, со што, всушност е нанесена штета на РМ и не е предвидено раскинување на договорите и земјиштето не е вратено во сопственост на РМ“, појасни Трајчева за истрагата на Обвинителството.

Во истрагата, покрај министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, опфатени се државната правобранителка Емилија Радојкова, Димитар Димовски, државниот советник за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за мажот кој ја навредуваше, па и се закануваше на Данела Арсовска

Обвинителство отвори постапка против двајца осомничени за насилство врз Данела Арсовска

А1он

Се истражува нападот во Визбегово, ОЈО бара притвор за маж и жена кои нападнаа новинарска екипа

Горан Наумовски

Обвинителство изврши увид по тешката сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

А1он

ОЈО бара мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен со кого е проширена истрагата за пожарот во Кочани

А1он

Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани

А1он