Трајанов го претстави проектот Декри пред жителите во Аеродром

Од:

Павле Трајанов, носител на кандидатската листа за пратеници во првата изборна единица денеска ги презентираше приоритетите од Изборната програма на Коалицијата за промени и правда пред жителите на Аеродром.

На прес-конференцијата го промовираше проектот Декри, кој значи борба против организираниот криминал.

– Веднаш по изборите ќе формираме Агенција за борба против организираниот криминал, чиј директор со мандат од седум години ќе го избира Парламентот со двотретинско мнозинство на предлог на независно тело составено од универзитетски професори, новинари, претставници од граѓанскиот сектор, експерти и друго, појасни Трајанов.

Агенцијата ќе работи на откривање на скриениот капитал на функционерите и на сите други вклучени во тешки облици на организиран криминал. Според проектот, како што рече Трајанов, во законита судска постапка, криминално стекнатиот капитал, ќе се конфискува и преку посебен фонд со кој ќе управуваат граѓаните, ќе се враќаат украдените пари, токму на граѓаните. Со проектот се предвидува заострување и на казните и изрекување на заштитна мерка, забрана на политичко дејствување и извршување функција од најмалку 10 година.

Со реформите на безбедносните служби, се предвидува формирање Совет за национална безбедност, укинување на полициските овластувања на УБК и формирање на Оперативно технички центар(прислусхен) под директна контрола на Парламентот.

Дел од реформите се и враќањето на позорникарите-полицајци, во населбите, и во функција на поголема заштита на имотот и зголемување на безбедноста во целина.

Би можело да ве интересира

Трајанов: Ќе се случат промени во Република Македонија

Ана Ололовска

Трајанов: Дојде крајот на режимот, не ви се плашиме!

Предраг Петровиќ

Коалицијата за Промени и Правда: Граѓаните од Влае, Тафталиџе, Козле и Хром, ќе гласат за промени

Ана Ололовска

Коалиција за Промени и Правда: Само со масовно гласање режимот ќе падне

Ана Ололовска

Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Образованите ни ги земаа како „алва“ за да печалат за газдите по Германија, Швајцарија, Шведска…

Ана Ололовска

Делов: Гласот за Коалицијата за промени и правда е глас за доброто на Македонија

Ана Ололовска