По повод Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми Септември, планинарскиот клуб „Кораб“ денеска ја организира 25. традиционална акција – искачување на највисокиот врв во Република Македонија „Голам Кораб“ (2.764 метри надморска височина).
Официјално започнување на искачување на врвот ќе биде во 9 часот од караулата Победа, а „затворање“ на врвот и враќање на сите учесници кон стартната позиција ќе биде во 15 часот.
На учесниците ќе им бидат доделени признанија и благодарници, ќе има пункт за прва помош, а водачите од клубот ќе бидат долж патеката за евентуална помош и асистенција.
Од планинарскиот клуб „Кораб“ посочуваат дека сите учесници треба да бидат добро психофизички подготвени и опремени со стандардна планинарска опрема за високи планини и различни временски услови.