Традиционален „Мавровски велосипедски маратон“

Од:

Маратонска, полумаратонска трка и рекреативно возење околу Мавровското езеро ќе се одржат денеска во рамки на традиционалниот „Мавровски велосипедски маратон“. Ќе се вози на релација Маврово-Леуново-Сандакташ-Чавкарник-Лазарополе-Тресонче-Селце-Маврово, во вкупна должина од 90 км за маратонците и 42 километри за полумаратонците.

Натпреварувањето ќе биде спроведено согласно правилникот на Велосипедската Федерација на Македонија.

Истовремено денеска за сите љубители на велосипедизмот и на природните убавини на нашата земја ќе се одржи и рекреативното возење околу Мавровското Езеро.

Организатори на манифестацијата се велосипедскиот Клуб Енерџи – Скопје, националниот Парк Маврово и Општина Маврово – Ростуше, а подржано од автомобилскиот бренд Шкода.

Би можело да ве интересира

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец e во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја

Горан Наумовски

Утрово најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново повика „Македонија пат“

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36