Тошковски: Поранешен премиер и прв вицепремиер дел од истрагата за Државна лотарија

Од:

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција соопшти дека поранешен премиер и прв вицепремиер се дел од истрагата околу аферата со криминалот во Државна лотарија.

– Поднесена е пријава против осум физички лица, од кои едниот е поранешен премиер, еден поранешен вицепремиер, еден поранешен директор на правно лиcе и еден поранешен генерален секретар. Две од лицата не се достапни на органите на прогонот. Многу добро знае јавноста кои се тие две лица, рече Тошковски. Јас би упатил јавен повик, од еден од тие двајца кои во текот на вчерашниот ден кажа дека доброволно ќе се врати во Македонија, јас сакам да му верувам, кажа дека е чист како солза, пак сакам да му верувам, еве јавно упатувам да истиот се врати во Македонија, ако не е вратен, и да им овозможи на институциите соодветно да ја истераат оваа постапка – рече Тошковски.

При извршените претреси, неофицијално пронајдена е поголема сума на пари, а Тошковски потврди дека се најдени 40.000 евра кај еден од обвинетите, а 20.000 евра кај друг.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски и Тошковски за заплената на марихуана: Никој не е над законот

А1он

(ВИДЕО) Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град“, мал број прекршоци

ВИДЕО: „Сејф сити“ стартува за седум дена, во првата фаза на ризичните локации

Катерина Ѓуровски

Тошковски: СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште

А1он