Тошковски: Тетово како првичен дел од „Безбеден град“ ќе добие безбеден сообраќај

Од:

Министерот за внатрешни работи денеска беше во работна посета на СВР Тетово и Општина Тетово. Фокусот на средбите беше решавањето на сообраќајните состојби актуелни во градот и имплементација на проектот „Безбеден град“ кој освен во Скопје во првата фаза ќе се имплементира во Тетово и Куманово, и добрите предлози кои ги има локалната власт и градоначалникот на Тетово, Билал Касами за идното функционирање на проектот.

Министерот Тошковски истакна засилениот ангажман на полицијата преку засилените акциски контроли, во последните два месеци резултираше со намалување на бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди за околу 50% проценти.

„Со имплементацијата на проектот „Безбеден град“ кој во прва фаза го опфаќа и Тетово навистина ќе можеме да очекуваме многу помали бројки како во делот на сообраќајни незгоди, така во делот на посериозни сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, материјални штети и жртви.“, подвлече министерот Тошковски.

Министерот Тошковски за следниот период во Тетово најави засилени акциски сообраќајни контроли заедно со градската „пајак служба“ со цел решавање на горливиот проблем со погрешно запирање и паркирање на возила кој е изразен во Тетово.

„Ова го објавуваме превентивно, бидејќи нашата цел не е казнување на возачите како репресивна мерка, туку превенција и пред се функционалност на сообраќајниците и сообраќајот во Тетово. Најголемиот дел од тетовчани ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и за жал заради мал дел несовесни возачи сите други страдаат. Од наредната недела во полицијата во координација со тетовската „пајак служба и општината почнуваме со акција која мора да резултира со позитивни резултати за сите граѓани на Тетово“, истакна министерот Тошковски.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе ја затвориме истрагата за пожарот во Кочани

А1он

Тошковски: Неприлагодена брзина е причина за сообраќајката во Кичево

А1он

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски

Пријави за учесниците во протестот кои го демолираа кафулето на сопственикот на „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Левица: За Тошковски засилените контроли беа само пи-ар – билтените на МВР повторно со црни статистики

(ВИДЕО) Тошковски: Системот „One Stop Shop“ – ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави

А1он