Тошковски: Неприлагодена брзина е причина за сообраќајката во Кичево

Од:

Според првичните информации причина за вчерашната сообраќајна несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени е неприлагодената брзина на патот, изјави утринава министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е во посета на СВР Охрид.

– Во синоќешната сообраќајка, за жал, животот го загубија три лица. Согласно првичните информации што ги добив станува збор за огромна неприлагодена брзина на еден од учесниците кој, за жал, е починат, изјави Тошковски.

Бројот на сообраќајни жртви во првото тримесечје од годинава, според министерот, е отприлика сличен како минатата година, но како што оценува, бројките се катастрофални компарирано со европските стандарди.

– Во иднина максимално мора да се фокусираме кон поголемо смирување на сообраќајот од секој аспект, како и на имплементирање на проектот „Безбеден град“ на цела територија на државата, рече Тошковски.

Минатата недела, како што соопшти, на ЕНЕР се ставени дел од потребните закони за имплeментација на проектот „Безбеден град“.

Сообраќајната несреќа се случи вчера меѓу Кичево и селото Трапчин дол, а според првичните информации што ги даде портпаролот на СВР Охрид, во несреќата учествувале три возила.

Би можело да ве интересира

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Горан Наумовски

Тошковски со инспектори од МВР во штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани, обвинува СДСМ

Тошковски: Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Светот се соочува со традиционални закани, но и со сајбер војни, злоуотреба на технологогија, екстремизам и дезинформации

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски

СДСМ: По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника