Тошковски: МВР работи интензивира активности за подобрување на јавната безбедност пред новогодишните празници

Од:

Нашите активности се насочени кон спречување на користењето пиротехника, но и кон откривање каков било криминалитет, од имотни деликти до разбојништва. Полицијата комуницира со граѓаните и ги следи состојбите на терен. Министерството за внатрешни работи интензивира активности за подобрување на јавната безбедност пред новогодишните празници. Превентивните мерки вклучуваат намалување на користењето пиротехнички средства, засилено присуство во трговските центри и други места со зголемена фреквенција на луѓе, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тошковски, кој го посети пунктот на полицијата пред Сити мол, информираше дека минатата недела во Скопје биле запленети меѓу 30.000 и 40.000 пиротехнички средства. Спроведени се слични акции и во Валандово, Свети Николе и други градови, при што се поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Тошковски до СДСМ: Толку ли многу ви смета што покренавме кривични постапки против корумпирани судии и обвинители?

Тошковски вели дека во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина

Горан Наумовски

Тошковски ќе го награди полицаецот Беким Исмани кој спречи девојка да скокне и да си го одземе животот

Тошковски: Под контрола се пожарите во Дојран, Николиќ, Крива Паланка, Орман, Волково и во Самоков

Горан Наумовски

Тошковски и Дачиќ: Она што го ветивме го остваривме на дело, One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните

На 5 јули стартува системот за заедничка гранична контрола со Србија