Тошковски: Миграцијата е европски предизвик кој бара европски одговор

Од:

Министерот за внатрешни работи, Тошковски, денеска учествува на 7-та Министерска конференција во Будимпешта, каде што беше усвоен Планот за акција на Будимпештанскиот процес 2025-2030. Планот вклучува шест приоритетни цели, меѓу кои спречување на нерегуларна миграција и борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе.

Како што соопштуваат од МВР, во своето обраќање, министерот Тошковски истакнал дека земјите треба да бидат јасни во својата миграциска политика и дека миграцијата е европски предизвик кој бара европски одговор.

– Пактот за азил и миграција е патот напред и за земјите членки на Унијата, но и за нас, аспирантите кои – кога тогаш – ќе мораме да го спроведуваме или да го осигуриме неговото спроведување, потенцирал министерот Тошковски.

Тошковски изразил надеж дека Будимпештанскиот процес ќе продолжи да расте со почитување на човековите права и заштита на ранливите лица.

Тој остварил билатерални средби со државниот секретар на Швајцарија, Кристин Шранер Бургенер, и министерот за внатрешни работи на Пакистан, Сајед Мохсин Раза Накви, каде што биле разгледани идните чекори за соработка во борбата против нелегалната миграција.

На маргините на конференцијата, министерот имал разговор и со турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, за зајакнување на соработката.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски и Тошковски за заплената на марихуана: Никој не е над законот

А1он

(ВИДЕО) Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град“, мал број прекршоци

ВИДЕО: „Сејф сити“ стартува за седум дена, во првата фаза на ризичните локации

Катерина Ѓуровски

Тошковски: СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште

А1он