Тошковски: Ќе сториме се, да ги осовремениме граничните премини

Од:

Реформи и реорганизација за побрз проток на патниците на граничните премини ќе има, истакна денеска на граничниот премин „Табановце, Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој заедно со својот српски колега Ивица Дачиќ одговараа на новинарско прашање за тоа кога ќе профункционираат едно шалтерските системи на граничните премини, и дали ќе има инвестиции во насока на подобрување на технологијата за побрз проток на патници.

-Еден од основните приоритети на новата Влада особено во рамки на МВР е интегриран систем на гранично управување во рамки на коишто освен граничен надзор влегува и граничен премин, така што реформа, реорганизација, дигитализација во овој дел секако дека ќе претставува еден од приоритетите на МВР. Апсолутно е дека ќе сториме се’ кое што е во наша надлежност и во наша моќ да можеме да ги осовремениме граничните премини и да го убрзаме протокот на возила помеѓу нашите две пријателски земји, вели Тошковски.

Посочи дека ова не се однесува само за граничниот премин „Табановце“, туку и на сите останати гранични премини, што ги имаме на територијата.

-Така што, секако дека е една од точките што ќе бидат разговарани со почитуваниот колега, така што ќе дадеме се’ од себе. Верувајте ми дека и ние не сакаме секако да има волку големи колони, коишто создаваат нервози итн. И ние сакаме максимално брзо да се транзитира. Убеден сум дека и министерот, Дачиќ и сите останати членки во рамки и на нашата Влада и на Владата на Србија ќе дадат максимум од себеси за поедноставување на целокупниот проток, изјави Тошковски.

На новинарско прашање дали тоа би профункционирало оваа сезона, Тошковски со одговор дека се надева во најбрз можен рок.

– Ако ви речам да, тогаш би ве излажал, а знаете дека не лажам, така што се надевам дека би имале најбрзо што може поедноставување на протокот на возилата, рече Тошковски.

Неговиот колега Дачиќ дополни дека оваа тема е актуелна низ годините и тоа уште во периодот кога тој претходно бил министер од 2008 до 2014 година.

-Тогаш од ваша страна беше министерка и јас стопати барав и инсистирав да се поминува само со лична карта, да се поедностави, да се прави една застанување. Но, секогаш се биле некои административни проблеми е секогаш кога ќе ја започнете оваа приказна и еве сега додека и ние стоиме тука има некој којшто најверојатно ќе рече дека неможе баш тоа така. Но, еве да најдеме начин како може и да може ова максимално да се поедностави, а од друга страна мора да водиме сметка за контролата, која мора да биде одредена врста на контрола, пред се заради илегалната миграција, шверцот и се останато, вели Дачиќ.

Посочи дека и двајцата ќе бараат решенија за поедноставување и побрз проток на патници и стока. На новинарско прашање дека на границата функционара „one stop shop“, но не на посакуваното ниво, министерот за внатрешни работи, Дачиќ вели дека овој систем е направен да има само едно застанување.

-Затоа треба да согледаме за се што вие зборувате за граничните премини, да видиме тоа на кој начин функционира и да ги најдеме најдобрите практични решенија. Значи во полицијата нема политика. Тука еве сега е конкретно, како да соработуваме на овој план, изјави Дачиќ.

Што се однесува за граничниот премин Миратовец – Лојане, кој е обзебедуван од страна на војската 24/7, Тошковски вели дека секоја една тема којашто е од значење на македонските граѓани, како и за граѓаните на Република Србија заслужува во најмала рака да биде разговарано. Инаку Тошковски од денеска ќе биде во работна посета на Република Србија, а ќе оствари средба со премиерот на Република Србија.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Огромен е бројот на турски граѓани кои немаат одговор за добивање на државјанство по основ на потекло

СДСМ: Тошковски удри по професионалците во МВР

Безбедносната состојба во моментов не е загрозена, нема потреба да се свика Советот за безбедност, вели Тошковски

Тошковски: Ќе се процесуираат сите решенија донесени по завршување на изборите до именување нови владини членови

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Мирен изборен ден – нема посериозни нарушувања на изборниот процес

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ