Тошковски: Безбедносната состојба не е нарушена пред седницата на Уставниот суд

Од:

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, смета дека безбедносната состојба не е нарушена во врска со најавите на ДУИ дека укинувањето на која било одредба од Законот за употреба на јазиците, кој е на дневен ред на седницата на Уставен суд закажана за в среда, ќе биде директен удар врз стабилноста и мирот на Северна Македонија.

Tој истакна дека Министерството за внатрешни работи (МВР) ги има потребните капацитети и ќе одговори на сите предизвици како и претходно.

– Сметаме дека безбедносната состојба не е нарушена. И во минатото говоревме дека постојат обиди за дестабилизација. Да, факт е дека на одредени злонамерници не им одговара тоа да имаме една демократска земја во која што ќе владее законот и правото и тоа токму се гледа и преку овие нивни дејствија, изјави Тошковски.

Тој додаде дека барањето на ДУИ директно се меша во работата и надлежноста на Уставниот суд.

– Сметам дека Уставниот суд треба да си донесе одлука согласно Устав и закон. Тоа е негова работа да одлучи дали одреден закон или одредена одредба е во согласност со уставните одредби. Сите политички субјекти и останати фактори во општеството ќе треба да ја почитуваат одлуката која што ќе ја донесе Уставниот суд без оглед во која насока ќе биде истата, додаде тој.

Во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за неажурност на Обвинителството, Тошковски одговори дека се легитимни, имајќи предвид дека македонскиот народ, како што рече, „е желен за правда“.

– Легитимно е претседател на Влада да каже став за нешто што го констатирал како фактичка состојба. Легитимно е македонскиот народ да се надева, да посакува и да е желен за правда, рече министерот.

Тошковски, исто така, истакна дека соработката со обвинителството е одлична во однос на предмети кои се однесуваат на потенцијален криминал каде што нема високо профилирани случаи, но во однос на останатите не е на задоволително ниво.

– Се надевам дека во иднина тие ќе бидат тие што ќе му овозможат на македонскиот народ и граѓанин да види правда каква што заслужува, заради тоа што само така можеме да дојдеме до нормална држава која што сите ја посакуваме, додаде министерот.

Би можело да ве интересира

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Горан Наумовски

Тошковски со инспектори од МВР во штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани, обвинува СДСМ

Тошковски: Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Светот се соочува со традиционални закани, но и со сајбер војни, злоуотреба на технологогија, екстремизам и дезинформации

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски

СДСМ: По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника