Топло и ветровито, попладне локална нестабилност, од вторник пад на температурата

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени.

Според прогнозата на УХМР, денеска и во текот на претстојната работна седмица во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

-Минималните температури ќе се задржат високи, а дневните од вторник ќе бидат во опаѓање, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Би можело да ве интересира

Коперник: Летото кое изминува е најжешкото во историјата

Горан Наумовски

Сончево и топло, попладне локална појава на пороен дожд и ретки грмежи

Сончево и топло до 36 степени

Сончево и топло, максималната температура до 41 степен

Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури и за четврток

МЗ: Ослободување од работа на ранливите категории, избегнување сонце, носење светла облека