Топло денеска, уште потопло во следните денови

Од:

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Како што соопшти УХМР, под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот на оваа седмица ќе биде многу топло со натамошен пораст на температурите. Денеска во попладневните часови во планинските региони, а в четврток и в петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Облачно со температури до 19 степени

Облачно и ветровито со температури до 17 степени

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен

Облачно со дожд, но топло, темепратури до 24 степени

Катерина Ѓуровски

Температури до 26 степени денеска, во продолжениот викенд врнежливо