Тони Блер, Груевски и Субрата Рој – говорници на Самитот за мир

Од:

Со денешното одржување на Самитот за мир, на кој учество ќе земат личности од македонската, балканската и меѓународната сцена, ќе се затвори Балканскиот мировен фестивал.

Посебни обраќања пред присутните ќе имаат Тони Блер, поранешен премиер на Обединетото Кралство, претседателот на „Сахара групацијата“ Субрата Рој, и македонскиот премиер Никола Груевски.

Свои говори на сцената ќе имаат и баронесата Патриша Скотланд, која е претседател на Алијансата против домашно насилство како и останати гости – учесници. Манифестацијата ќе се одржи во новиот Македонски народен театар.

Балканскиот мировен фестивал, кој е во организација на индискиот бизнисмен Субрата Рој, започна вчеравечер на полноќ со перформанси на македонски и индиски танчерски групи.

Премиерот Груевски со својот говор го означи фестивалот за отворен, а пред полупразниот плоштад се обрати и Субрата Рој, кој истакна дека барал земја во светот која ќе биде без корупција за одржување на првиот фестивал и одлучил тоа да биде Македонија.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска

Тимотеј за А1он: Дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, Црквата не е заинтересирана за отуѓување на имотот

Ана Ололовска

Сахара Индија Паривар: Остануваме посветени, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЛДП бара оставка од Груевски поради белосветската измама со Субрата Рој

Ана Ололовска

СДСМ: Субрата Рој стана наводен инвеститор и за Груевски откако нанесе непоправливи штети

Ана Ололовска