Тони Блер гостин на Субрата Рој, а се враќа и штафетата на мирот

Од:

Поранешниот британски премиер, Тони Блер ќе биде еден од гостите на мировниот фестивал што го организира Сахара Групацијата во Скопје.

На фестивалот кој е поддржан и од фондацијата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, Тони Блер ќе се обрати само со видео порака, пренесе 24 Вести.

Македонија ќе биде домаќин на политичари, бизнисмени и познати личности кои заедно ќе ја упатат пораката за мир и единство на 1 и 2 октомври. Како што најави генерланиот координатор на фестивалот, Амриш Чандра, Субрата Рој заедно со неговото семејство, пристигнува во недела. Планирано е во вторник тој да го отвори фестивалот кој го организира групацијата Сахара. Иконографија типишна за некои минати времиња, повторно ќе завладее на мировната „сцена“.

Штафета на мирот, полноќен фестивал на Камениот мост и перформанс во објектот на старо-новиот театар, се дел од содржините. Центарот на Скопје ќе биде осветлен со сина боја. Планот на Сахара е фестивалот да се прошири во 13 држави од Балканот и пошироко.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска

Тимотеј за А1он: Дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, Црквата не е заинтересирана за отуѓување на имотот

Ана Ололовска

Сахара Индија Паривар: Остануваме посветени, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЛДП бара оставка од Груевски поради белосветската измама со Субрата Рој

Ана Ололовска

СДСМ: Субрата Рој стана наводен инвеститор и за Груевски откако нанесе непоправливи штети

Ана Ололовска