Претстоечкиот референдум не е само за ГТЦ туку е и против Никола Груевски кој е идеен творец на барокот и тој стои зад овој луд проект.
Груевски никогаш не се консултирал со граѓаните што сакаат и како треба да изгледа плоштадот, туку лично го нарачал проектот за барокно Скопје, рече на прес конференцијата во Центар, претседателот на ОО на СДСМ, Саша Богдановиќ.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Да да, те слушам. А кажи ми со овој Жермонд, што ти го пратив, Французов, како ти иде?
МЈ: За ГТЦ?
НГ: За ГТЦ да.
МЈ: Абе поставија многу прашања, треба да проверам Елена му ги одговара прашањата. Во најголем дел се одговорени прашањата но немам ништо повратно од кај него. Беа кај мене, му ги дадовме генералните податоци, го прошетав едно саат време убаво низ ГТЦ. Послем тоа постави неколку технички прашања, ги одговоривме и сега немам ништо повратно, не знам дали има нешто ново, да проверам.
НГ: А вие му одговоривте ли на прашањата?
МЈ: Најголем дел се одговорени, сега имаше минатата недела постави едни прашања, не знам дали се одговори, да проверам, да не ве лажам.
НГ: Како ти фаќа око тебе тоа?
МЈ: Вака, многу кратко имав средба. Не можам да ви кажам дали ќе биди или не. Дечково интелигентен е, прашата што ги поставува се сериозни и не се од него, се она скици, сопственост на имотот. Проблем му е, вака првично што кажа, е што првите два спрата не се, не се државни туку се приватни, во најголема мера. Му дадовме ние сите, кој дуќан, чив е. Тој дури размислуваше. Праша што мислиш да се откупат сите дуќани, му кажавме дека се приватни. Тој кажа дека генерално сака да го има, цел трговки да е негов.
НГ: Ако си ги откупи тој од тие, немаме против ние. Нека си влезе у дил со нив и нека си ги откупи. Така?
МЈ: Мислам дека се одговорени сите прашања ама да ви потврдам за 5 минути можам да ви пишам СМС.
НГ: Ок. Важи.
Оваа борба меѓу Груевски и неговата бнда велат ќе трае долго. Не верувајте во тоа. Ова не е борба против ВМРО-ДПМНЕ.
Видете каков човек бил Никола Груевски-како ги злоупотребувал неговите сопратијци, ги злоупотребувал дури и црквата.
Расипаноста на Никола Груевски, после ова Груевски да поднесе оставка а држѓавата да поднесе постапка против него.