ВИДЕО: „Тој има слуги, авиони, јахти, а ти му викаш не е по закон“

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави снимки за кои кажа дека се помеѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески од пред кампот на слободата, односно пред Владата, од каде ќе се објавуваат и останатите бомби.

-Докажавме со каква расипничка власт си имаме работа, но нема да се застане додека не се оспособат институциите да ги испитаат коруптивните и криминални афери. Три оставки не се доволни, не барај нови жртви, се бара твоја оставка Груевски, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој објави разговор за кој посочи дека е помеѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески во кој според Заев, Груевски прознава дека на владата не и оди со големите компании.

Никола Груевски ќе ви признае: “Не и оди работата на оваа Влада. Еден голем проект не и тргна на Владата. Една хидроцентрала не изгради Владата“. Од Груевски ќе слушнете како тој, за себе и за соработниците, лично вели: “Нас нешто ни фали“!

За да го покрие она што “фали“, Никола Груевски, од позиција на премиер, најдрско влегол во невидено беззаконие, со што се потврдува во незапаметена фигура на политичката сцена на независна Македонија.
Аудио снимките ги исцртуваат јасно контурите на владетелот кој за да опстои, ги поништил Уставот и законите и станал “deal oriented“, а потоа тоа го побарал и од своите најблиски соработници, рече Заев.

1. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле?
МЈ: Молам.
НГ: Се чув и со Владо. Тој ќе дошол сабајле во 6. Значи во текот на денот можете да се видите, Владо не можеше точно да ми прецизира, они ќе го побараат сабајле него, па Владо ќе те викне и тебе.
МЈ: Не е проблем, океј.
НГ: Нешто се жалеле дека нешто не си ги примал. Тоа било поплаката.
МЈ: Не…ми пушти еден, тој локалниот што му е тука. Ми пушти порака, јас му ја препуштив на Владо, вика Миле се видоа 100 пати со мене, ветуваат некои работи што по закон не може да им ги дадеме, се повикуваат дека Вие ќе им ги смените и Владо рече нема што да го примам повеќе него. Така договоривме.
НГ: Види Миле, во основа, овие покрупниве компании што се, они си бараат малку по така третман да дбоијат, ме сфаќаш?
МЈ: Не, ама…
НГ: А ти, мој впечаток е, независно кој колку е крупен-ситен, исти третман му даваш.
МЈ: Не, не е така.
НГ: Не можеш на некој што доаѓа да направи мини трговски центар од 1.000 квадрати да му дадеш ист третман со овие. Или со некои како овие, како Сончев град, гледаш кај сме стигнати со Сончев град, на меѓународен суд ќе одиме.
МЈ: Не, ама бара нешто што е надвор од закон. Значи, тоа со Владо зборев…
НГ: Е сега, значи вториот момент што викаш надвор од закон, исто што мислам вака, лично да ти го кажам, да не ме сфатиш погрешно, сакам да ти помогнам со ова, не…
МЈ: Добро.
НГ: Не ми е поентата да те навредам, него да ти отворам очи каде што мислам дека можеш да бидеш подобар, да бидеш. Што е разликата меѓу тебе и Владо тука, и зошто од Владо да речеме се позадоволни, од тебе помалку незадоволни. Владо е ориентиран према deal,
МЈ: Ама Владо…
НГ: Значи он е deal oriented.
МЈ: Сега ќе Ви кажам Владо што…
НГ: Сака да постигне deal и се разбира некој да не оди во затвор, туку тоа да биде по закон, ама не им вика од прва ова не може, туку им кажува овде има таков проблем, да видиме други варијанти, трети, четврти, размислува, brainstorming, една, друга смисла, па не може оваа, па може оваа, па неможе, и на крај дури и да не најде решение, овие гледаат дека навистина сите можни варијанти се исполнети. А ти им викаш од прва, експерите викаат, сега јас го додавам ова експертите, дека ова не може, не е по закон, и готово, земи или остави. Со вакви крупни, ќе имаме и други вакви, ќе дојдат сега гасоводи-масоводи, не можеш така, земи или остави. Бараш deal да постигнеш, бараш…кружиш како скијање, велеславом, идеш лево-десно, лево-десно.

2. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле, ама сфати ја улогата твоја. Ти не си информатор и не си правен советник. Ти си министер, кој што сака да се постигне deal, не deal со Буик, deal со некој. Буик е крупна компанија. Ама ако со Буик ти не можеш да ги убедиш, прашање е дали други ќе можеш. Јер Буик ако викаат ова не е исплатливо, голема е веројатноста и другите да го кажат истото. Така?
МЈ: Ама не, Буик бараат сега околу гаранцијата. Други барања немаше. Јас тогаш кога беше состанокот, тој беше…
НГ: Ама они не…
НГ: Ама они не… Добро нејкеш да прифатиш дека и ти имаш своја вина, не е битно, односно не е вина, слабост е тоа, ќе се корегира тоа, не е некорегирачка слабост.
МЈ: Нее, ја не викам дека сум безгрешен, мислам према Буик сум имал коректен однос… кај шо некој на пример…
НГ: Ама не бе Буик, ја не сум ти кажал за сите, еден куп има што кажуваат, дека кај Владо се многу задоволни, кај тебе се незадоволни… а не е дека ти помалку работиш од Владо, односот е у прашање…односот и тоа дил ориентид…. значи Владо гледа да исцеди до последна дамка се што може да се најде за дил да се направи…
МЈ: Не заборавајте многу е битен потписот…Поинаку се понашаат луѓе без потпис и со потпис
НГ: Така е битен е потписот затоа он полесно му е него, точно…е така
МЈ: Многу му е полесно…
НГ: Тоа е така ама ти не треба да се фрустрираш да се нервираш туку а бараш мислење и од други, многу често и други може да, мислам други правници, експерти да дадат поинакво мислење коешто можеби на прв поглед не им паднало на твоите или на тебе… и на крај краишта и да не биде, да не биде тоа откачување брзо, да не биде тоа откачување како да е тој ситен играч небитен, пошто он после шири негативна енергија, таквите, крупните сегде ги примаат премиери, знаеш уважени гости се…
МЈ: Имааат посебен третман…
НГ” И си чекаат очекуваат дека ќе ги тинтраш поише…ај ние што сме таква Влада што не ги носи по ручеци по вечери уше у канцеларија да им каеш на 5 минути вака е по закон така е по закон он милијардер слуги има дома, авион има сопствен, пилоти го возат, јахти има еден куп, по 10 женски на јахта ќе донесе и сеа ќе дое кај тебе ти за 5 минути ќе му каеш што е по закон хахаха.. ме разбираш ли сеа што сакам да ти кажам?
МЈ: Не, океј ама ептен цело време идат на ептен техничко ниво и со нив зборуваме…
НГ: Да ама техничкото се пренесува таму на нетехничкото…
МЈ: Таму има проблем што некој со…
НГ: Таму доаѓа тој одговорниот за регионот, така ми кажаа…
МЈ: Е па излеа тој младиот е претпоставувам што има…Владо цело време… Владо ги глеа нив
НГ: За нас битно ли е техничко или нетехничко ако ни се заврши работата?
МЈ: Не Владо, им… дека некој им ветува нив дека се што ќе побараат се ќе му се даде, значи надвор од закон и …
НГ: Види Владо си има некоја стратегија, сеа ај за турчинот да зееме, за висококатнициве…
МЈ: Добро…
НГ: Пред 1 недела викаше не бива работава, сеа излезе дека има шанси ќе дојдат утре да му кажете дека има можност. Нели е така? Значи коа подобро ќе се размисли, ќе се видат… па може и да испадне дека нешто може…
МЈ: Добро, Коце и Ивица попуштија. Коце беше хард кор таму. За некои работи треба време да одлегне и не викам дека Владо не е поискусен од мене, искусен е…
НГ: За таа работа посикусен е, пошто тоа го работел, работел со бизнисмени нон стоп и така натаму и тоа не бил он од позиција на сила туку он ги тинтрал се наикнал да ги тинтра бизнисмените, ти не си се навикнал да ги тинтраш, ти си се навикнал тебе да те тинтрат пошто тебе ти доаѓаат овие Кочан мочан такви еден куп као посредна класа, пониска класа бизнисмени и они ти стојат мирно и сеа одеднаш ти треба на овие мирно да им седиш и сеа ја тоа го разбирам ама мора да се корегираме тука…
МЈ: Добро
НГ: Пошто некако као Влада не ни иде работава со крупниве фирми. Со ЕВН си ебавме мајката знаеш тоа, тука не си ти крив сеа зборам као Влада, со аеродромов за влакно, за влакно ја вадиме работава, Со Сончев град да не зброам, висококатниците и не знам сеа уште кои беа не ми текнуваа. Не ни трга, еден голем проект не ни трга. Ја почнав да се прашувам, у енергетика еден не ни трга голем проект… еден, еден! Една Хидроцентрала не сме изградиле, не сме почнале, абер нема! Нешто има и до нас, не се криви другите! Мора нешто и на нас да ни фали, мене, тебе, Чинго, Зоки, нешто ни фали на нас. Реба да се преиспитаме што ни фали. Ајде така…
МЈ: Океј…

Би можело да ве интересира

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице