ВИДЕО: „Тој е мајмун“

Од:

Објавен разговор за кој од СДСМ посочија дека е помеѓу Муса Џафери и Али Ахмети, кои дискутираат за кандидатурите за Струга.

-Навредливи зборови, директно од врвот на ДУИ паѓаат врз поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко. Тоа е истиот Рамиз Мерко кого истиот тој врв на ДУИ што го навредувал, пред неколку дена го именуваше за член на Претседателството на ДУИ, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференцијата во партиското седиште.

19.Разговор помеѓу Муса Џафери и Али Ахмети

МЏ: Што има некоја вест нешто?
АА: Не сум слушнал нешто, не знам.
МЏ: Овие новините ги видов таму, кандидатурите на Струга.
АА: Што велат тие?
МЏ: Навистина е тој Лиман Мурати? Или го ставаат овие да го изгорат?
АА : Го ставаат да го изгорат. Кој беше друг?
МЏ: Овој. Според ЖУРНАЛ видов, незнам дали направиле.
АА: Кои се тие?
МЏ: Актуелниот Претседател (Рамиз Мерко) и Мурат.
АА: Тој е мајмун. Тој не ги повикал месните совети да направат предлози.
МЏ: Како што прочитав видов дека намерно е направен Мурат.
АА: Аха.
МЏ: Има лек таа работа.
АА: Има лек, ќе им ја вратиме назад (листата со кандидати), ќе им речеме месните совети нека предложат (кандидати) како секаде.
МЏ: Не, не, не чини да се остави така зашто тој ни направи 100 проблеми.
АА: Да де.
МЏ: Не скара со сите луѓе.
АА: Да де.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски