(ВИДЕО) „Тој човек е тешко ѓубре“

Од:

СДСМ објави разговори за кои посочи дека се помеѓу Никола Груевски и Гордана Јанкулоска за вработување во воена болница на пет лекари по партиски список, иако како што беше посочено директорот укажал дека три одделенија нема да му функционираат без лекари специјалисти.

Овој човек, на позицијата премиер, кој би требало да се грижи за своите граѓани по секоја цена сака да внесе свои луѓе и во Воената болница, замислете, и покрај укажувањата на директорот на болницата дека таквите партиски вработувања, ќе остават одделенија без лекари – специјалисти. Од другиот разговор се дознава дека во задоволувањето на кадровските шеми на Груевски освен Јанкулоска учествува и нејзиниот сопруг Влатко вработен во кабинетот на Груевски. Тој разговор открива дека директорите што ги поставува Груевски се само пиони кои треба да слушаат. Ќе слушнете што му се подготвува на директорот на Градската болница кој не го следел списокот на Влатко договорен со премиерот – или да го испочитува списокот или да го избркаат од работа, рече Заев.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

НГ: Горде здраво
ГЈ: Здраво
НГ: Ааа со овој зборев од воена…
ГЈ: Аха
НГ: Ми го објасни следното, дека ако ги прими тие нашите 5, 3 ми се чини одделенија нема да му функционираат бидејќи нема доволен број на лекари специјалисти . Го прашав кој му се имињата на тие што он сака да ги прима, ми ги даде и ми укажа дека скоро за сите има некаква ургенција поддршка и така натаму од наши или видни…
ГЈ: Функционери…
НГ: Фукционери или и од самите комитети. Па со обзир дека ми личи дека му држат аргументите дека нема да му функционираат, со намера сум а се консултирав и со Зоран, се согласи да му го предложам следното: да ги прими он сега нашите што се од листата…
ГЈ: Такаа, а за овие…
НГ: А по изборите да му дадеме согласност и за oвие 5…
ГЈ: Јас да ви кажам претседателе пошо у Тетово сум више ви ја напишав пораката, у таа насока дека ќе ги решиме и неговите мислам…

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Влатко Илиевски

ГЈ: Ало
ВИ:Ало?
ВИ: Абе види сакав да те прашам во врска со овие нови вработувања во Градска болница има околу 30-тина сестри не знам колку инженери коишто се запрени…
ГЈ: Добро…
ВИ:…во Агенција. И Стојче од кај тебе ии од здравство збореле не знам вчера-завчера
ГЈ: Да…
ВИ: И што е сега крајната одлука?
ГЈ: Директорот мора да почитува тоа што сме му дале насоки… он си прима кого сака…
ВИ: Добро тоа ме интересираше, значи не ги почитува, тој рече дека ги почитувал…
ГЈ: Не е точно… значи он и кај докторите си ги прими он шо си ги сакаше луѓето, сеа пак си бута свои кој му текне вака непотистички …
ВИ: Добро…
ГЈ: И нормално вика ја за тоа имам дозвола од премиерот
ВИ: Добро тогаш…
ГЈ: Тој е тешко ѓубре е тој чоек…
ВИ: Добро…а шо поминале, мислам шо биле избрани тоа ќе има проблеми?
ГЈ: Ама тоа тој нека си најде начин да го поништи…ние му даваме еден список он си бира кого сака и вика е сега е завршено изброт е завршен…
ВИ: Мхм
ГЈ: По мене опцијата е или да најде начин да го испочитува списокот што ние сме му го дале или да го смениме него нека влезат неговите на работа па следниот директор ќе почитува.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски