Тодоров: Во свинскиот врат на „Екстра Меин“ има листерија над 90 пати повеќе од дозволеното

Од:

Анализите на Факултетот за храна и ветеринство покажаа дека во отворениот и во затворениот примерок од вакумиран свински врат на „Екстра  Меин“ има присуство на листерија над 90 пати повеќе од дозволеното. Со извршената дополнителна генотипизација утврдено е  дека генотипот на листерија и кај отворениот и кај затворениот вакумиран примерок, одговара на генотипот на листерија кај заболените и починатите лица.

Ова денеска во присуство на членови и стручни лица од Комисијата за заразни болести при Министерството, го изјави министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека откриено е присуство на листерија и во суровината што ја користи „Екстра Меин“ за производство и на други производи, а таа е од Канада и од Бразил.

Тој потенцира дека инспектори од денеска до крајот на неделава ќе земат мостри од сите прозиводи на компанијата кои се наоѓаат во промет, а објектот на компанијата (односно, производствениот погон), ќе остане затворен, согласно одлуката Агенцијата за храна и ветеринарство.

Посочи дека од стручните лица е информиран дека во вакумиран производ може да е присутна листерија само доколку истиот е контаминиран во текот на производството и пакувањето.

– Важно е да се нагласи дека доколку од производството остане и само 1 колонија на листерија моноцитогенес, истата доведува до размножување во самиот вакумиран производ. Доколку вакумираниот производ излезе од производство со 0 колонии на листерија моноцитогенес, нема можност истиот производ секундарно да се контаминира во ланецот на дистрибуција и продажба, рече Тодоров.

Тој нагласи дека од Институтот за јавно здравје, се информирани дека извршените лабораториски испитувања покажале присуство на листерија во суровина, земена за испитување од производствениот погон на компанијата „Екстра Меин“.

– Се работи за замрзнато свинско месо, замрзнат пилешки мом и замрзнати пилешки гради. Со цел да нема сомнеж во резултатите (иако ние не се сомневаме) сепак истите мостри веќе се испратени на дополнителна потврда во други две акредитирани лаборатории. На сите досега докажани позитивни мостри на листерија, извршена е генотипизација, но само генотипот на листерија моноцитогенес од позитивните мостри од производи од „Екстра Меин“ покажа генетска поврзаност со генотипот на листерија моноцитогенес изолирана кај заболените и починатите лица, посочи Тодоров.

Имајќи предвид дека повеќето од заболените лица при извршените епидемиолошки анкети изјавиле дека конзумирале производи од „Екстра Меин“ во периодот пред појава на симптомите на заразата, укажа министерот, се потврдуваат индикациите дека постои еден извор на листеријата.

– Со цел заштита на здравјето на вулнерабилните групи, а во рамки на Програмата за јавно здравје, Центрите за јавно здравје се задолжени да земат мостри од храна и брисеви од работни површини од болнички установи, детски градинки и домови за стари лица. За таа цел, веќе е дадена наредба за темелно механичко чистење и дезинфекција на работните кујни во болничките установи, детските градинки и домовите за стари лица, додаде Тодоров.

Претседателот на Комисијата за заразни болести и директор на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ одговарајќи на новинарско прашање рече дека 16-годишната девојка од Неготино, која е последен потврден случај на листерија, која е на Клиниката е во стабилна здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Европол: Во Шпанија запленети 17 тони храна заразени со листерија

Шпанија: Три жртви и над 200 заразени од листерија

Во Шпанија втор смртен случај од листерија

Тодоров: Француски лаборатории ги потврдија наодите за листерија од македонските институции

Ана Ололовска

СДСМ: Дали во хаосот на листеријата летна и директорската фотелја на Рунтевски?

Ана Ололовска

ЛДП: Г-дине Груевски, од морални причини поднесете неотповиклива оставка!

Ана Ололовска